Зголемен бројот на запишани студенти на додипломски студии на факултетите и високите стручни школи

Според податоците на Државниот завод за статистика, добиени врз основа на пристигнатите извештаи, во Република Македонија, во академската 2014/2015 година се запишани вкупно 59 359 студенти што претставува пораст за 2.8% во однос на академската 2013/2014година.

Бројот на запишани студенти – жени изнесува 32 175 или 54.2%.

Најголем број на студенти или 87.3% се запишани на државните високообразовни установи, додека 12.2 % се запишани на приватните високообразовни установи.

Во прва година на студии, во академската 2014/2015 година, се запишани 18 942 студенти или 31.9% (тука се опфатени и студентите кои по втор, трет и повеќе пати запишуваат прва година).