Тајзи запеа и на шпански- Нова летна химна за љубовта

Жешка атмосфера, згодни црномурести девојки, кубански бенд и латино мелос. Ова е дел од новиот видео запис на Тајзи- „Амор“. За првпат, нашиот пејач реши да запее на шпански, а од неговиот тим велат дека ова е една од најдобрите негови песни досега која претендира да стане голем летен хит.

Спотот ќе излезе на почетокот на август, а се снимаше на повеќе локации во Скопје и Куманово. Специјални гости во спотот се кубанскиот бенд- Cubano Soy, Рене Врајт од Јамајка и манекенката Ана Станојковска.

Режијата и сценариото се на Владимир Дади Ивановски, музиката и текстот на Драган Величковски Тајзи, додека пак аранжманот е на проверениот хит мејкер- Лазар Цветковски.

За првпат песната ќе имате можност да ја чуете на концертот на Тајзи на 27 јули во „Кадмо“ во Охрид каде што ќе настапи заедно со својот бенд.