Нацрт финален извештај за состојбата на колекторскиот систем

Денес во големата сала на општина Охрид, се одржа јавна презентација и расправа за нацрт финалниот извештај за состојбата на колекторскиот систем околу Охридското Езеро, изработен од експерти од Јапонската агенција за меѓународна соработка (ЈИЦА) и стручни лица од МЈП „Проаква“, ЈП „Нискоградба“ и Министерството за животна средина и просторно планирање. Градоначалникот Бакрачески ја истакна големата важност на проектот и високиот приоритет кој му се дава од страна на локалната власт и Владата на Република Македонија:

Владата на РМ од јапонската агенција за меѓународна соработка успеа да издејствува неповратни финансиски средства за изработка на студија за заштита на колекторскиот систем од страна на јапонски консултантски и експертски тимови кои денес се тука и ќе имаат презентација и дискусија со сите надлежни кои се на јавната перзентација. Подготовката на студијата започна со едно подготвително истражување и оваа студија се одвиваше во две фази- првата имаше за цел да се потврди состојбата на системот и да се направи преглед на мерки за заштита, а втората фаза опфаќаше изработка на физибилити студија за проекти кои ќе произлезат од наодите од првата фаза“ – истакна градоначалникот Никола Бакрачески.

На презентацијата покрај јапонските експерти и владините и општински институции, присустуваа и претставници на невладиниот сектор. Проектот за подобрување на колекторискиот систем околу Охридското Езеро, започна во јуни минатата година.

JICA240720154853