Кривична пријава за убиецот на стружанецот Аргетим Асани

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „убиство“ и едно казнено дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјал“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против А.К.(23) од струшкото село Велешта.

На 25-ти овој месец околу 13:15 часот, пријавениот на улицата „Маркс и Енгелс“ од огнено оружје пиштол испукал 14 истрели и од живот го лишил Аргетим А. (42) од Струга.

Настанот се случил во момент кога сега починатиот излегувал од деловен објект лоциран на истата улица во Струга. Во моментот, од патничко моторно возило марка „Голф“ сребрена боја, излегол сега пријавениот и од огнено оружје пиштол испукал 14 куршуми кон Аргетим А. кој на пат кон општата болница во Струга им подлегнал на повредите. Смртта е констатирана од лекар во хируршкото одделение при Општата болница во Струга.

По извршениот криминалистичко технички увид на местото на настанот предводен од јавен обвинител и по други преземени мерки, полициските службеници извршија претрес во домот на сега пријавениот А.К. при што во дворот забележано е едно патничко моторно возило „Голф“ со струшки регистарски таблици. Во багажникот од возилото пронајден е пиштол марка „ХС“ со рамка без муниција (оружјето со кое е извршено кривичното дело). Истите со потврда за привремено одземени предмети се одземени, а пиштолот предаден на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.