И годинава со низа активности ќе се одбележи Светскиот ден за борба против хепатитис

Во рамките на здравствено-превентивната дејност Црвен крст Охрид во партнерство со здружението Опција-Охрид и Центар за јавно здравје Охрид, секоја година со низа активности го одбележува 28-ми јули Светскиот ден за борба против хепатитис. Оваа година, под мотото „ПРЕВЕНИРАЈ ГО ХЕПАТИТОТ-ОД ТЕБЕ ЗАВИСИ“!, предвидена е реализација на активности и настани кои ќе се реализираат во Охрид и Струга и тоа:

– вршење на бесплатни, анонимни тестирања за хепатитис кои ќе се реализират во специјално возило од страна на обучени лица од Црвен крст Охрид, Опција-Охрид и Центар за јавно здравје Охрид на 28 јули 2015, од 16-18 ч. во Струга и истиот ден од 19-21 ч. во Охрид.

– јавна промоција на Светскиот ден за борба против хепатитис и делење на едукативни материјали и совети за превенција, заштита и лечење од хепатитис од страна на стручни лица во оваа област. Промоцијата ќе се реализира на 28 јули 2015 на струшката чаршија (кај х. Београд) од 16-18 ч. и истиот ден на плоштад „Крушевска Република“ (Чинар) во Охрид од 19-21 ч.

Овогодинешните активности се поддржани и помогнати од ПЗУ Биомед Лаб.