10.000 евакуирани поради пожари во Франција

Околу 10.000 лица се евакуирани вчера откако избија пожари во Франција. Евакуираните биле сместени во три кампови на југоистокот на Франција. Повредени засега нема.

Изгорени 30 камп куќички

Пожарите, кои ги разгорел силен ветер, избувнале во Вар, околу Фрејус и Бодуен.

Триесет камп куќички изгореле во еден од камповите во Фрејус, и уште десет во друг. Во гаснењето на пожари во Франција учествувале 216 пожарникари со 50 возила.

Грионде, на југозападот на Франција, исто така е погоден од петокот со големи пожари, кои уништиле околу 580 хектари борова шума, а евакуирани се околу 600 лица, пренесува МИА.

Неколку големи минатата недела беснееја во јужна Грција, хрватското приморје и во делови од Херцеговина.

Повеќе пожари имаше во јужните делови на Грција, меѓу кои поголеми на грчките острови Закинтос и Скирос и во близина на селото Дистомо на полуосторовот Пелопонез.

И подрачјето близу Атина беше зафатено од голем пожар, било пронајдено јагленосано тело на еден полицаец, кој е прва жртва на огнените стихии во Грција ова лето.

Два големи пожари беснееја во предлот Крижњак близу приморскиот град Трогир и близу местото Пругови, северно од Сплит.

Неколку пожари беа регистрирани и на подрачјата на херцеговските градови Мостар, Чапљина, Столац и Коњиц.

Извор: Нет Прес