Охрид домаќин на „Алтернативно Лето“

Со поддршка на општина Охрид а во организација на Центарот за интегриран развој (ЦИРО) во петок со почеток во 17 часот кај охридскиот Скејт парк ќе се одржи голем урбан настан , „Алтернативно лето Охрид“( АЛО- Охрид).

Главните компоненти на настанот се млади, музика и спорт, а целта е збогатување на охридскиот културен живот.

Уникатноста на случувањето е што преку многубројни активности се настојува да се промовира урбаната култура со што ќе се придонесе кон поголема афирмација на локални артисти од алтернативната сцена.

Настанот ќе започне со скејт и БМХ натпревар,skate yam. Во 21 часот ќе настапат: познатиот српски бенд „Zvezde grajma“, „Puka band brooka“, охридскиот бенд „Bad contact“, „Rootboy selecta“, „The author“, „Комунална хигиена“ и многу други познати музички имиња.

Настанот којшто е предвиден да трае до 1 часот по полноќ ќе биде збогатен со улични артисти, жонглери, илузионисти, стенд-ап комичари.