Предавање на акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Република Албанија, на Босна и Херцеговина и на Република Литванија

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов утре во Вила Билјана во Охрид ќе ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Република Албанија, на Босна и Херцеговина и на Република Литванија.

– 10:45 часот – предавање на акредитивни писма на Н.Е. г. Фатос Река, вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Албанија во Република Македонија

– 11:45 часот – предавање на акредитивни писма на Н.Е. г-ѓа Лепа Бабиќ, вонреден и ополномоштен амбасадор на Босна и Херцеговина во Република Македонија

– 12:45 часот – предавање на акредитивни писма на Н.Е. г-ѓа Раса Каириене, вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Литванија за Република Македонија, со седиште во Будимпешта.