Кривична пријава за лица кои нелегално сечеле дрва во охридско

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.А. (40) од Македонски Брод сопственик и управител на фирмата „Шума проект-2“ увоз-извоз ДООЕЛ Македонски Брод поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ и против Б.Т. (40) од с. Црвена вода-охридско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пустошење шуми“.

Прво пријавениот како лиценциран работник за издавање на одобрение за сеча на приватни шуми не спровел должен надзор за обележување на парцели за кои претходно бил ангажиран од страна на сопственик на четири парцели во с. Арабиново, со што нанел штета на две физички лица во износ од 29.000 денари, а второ пријавениот неовластено пресекол шума во сопственост на оштетените физички лица.