Традиционално ќе се одржи Илинденската едриличарска регата во Охрид

Традиционално,  и оваа година ќе се одржи Илинденската едриличарска регата – Охрид 2015. Регатата ќе се одржи на 2 август на потегот од Горица 1 до Канео, со почеток во 10:00 часот. Организатори на овој настан се Едриличарската Федерација на Македонија, Едриличарскиот клуб „Бофор“ и Агенцијата за млади и спорт.

На Илинденската едриличарска регата ќе настапат клубови од Македонија, а ќе се едри во класите Оптимист и Ласер 4.7.