Притворени прилепчанец и скопјанец кои продавале дрога во Охрид

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „Неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.С.(30) од Прилеп и Ф.Ј.(21) од Скопје. Од страна на судија на претходна постапка на двајцата им е одредена мерка притвор од по 30 дена. Пријавениот Г.С. пред околу една недела набавил поголема количина опојна дрога таблети “Екстази “, опојна дрога “Амфетамин“ и “Хашиш“ по што ги препакувал во мали количини со цел продажба на лица нарко уживатели од подрачјето на Охрид, но и на други лица- туристи, а посебно на лица посетители на техно забави кои се одржуваат во Охрид. На втори месецов, пак, пријавениот Ф.Ј. на прозор од студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид, оставил најлонска кеса со околу 50 таблети „Екстази“ со лого знак „мерцедес“. При претрес во соба што притворениот ја користел во домот, пронајдени се една најлонска паковка со бела прашкаста материја ставена во целофан и други предмети.