Во петок свечено ќе им бидат доделени дипломите на матурантите од охридската гимназија

Во петок  во училишниот двор при ОСУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид свечено ќе им бидат доделени дипломите на матурантите  од генерацијата 2014/2015.

Пред присутните ќе се обратат градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески и директорот на Гимназијата, Звонко Трпески.