Работнички ќе игра против Рубин Казан

Денес беа извлечени двојките за следното квалификационо коло од Лигата на Европа. Тимот на Работнички го доби рускиот Рубин Казан.

Првиот натпревар ќе се игра на 20 август на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје, додека пак повратниот дуел ќе се игра по 7 дена, односно на 27 август.

Победникот од овој дуел ќе игра во групната фаза од Лигата на Европа.

WebOhrid