Виртуозна моќ и суптилна интерпретација донесоа Солозобова и Броневецки на „Охридско лето“

Неповоторливо доживување и понудија на публиката на „Охридско лето“ виолинистката Марија Солозобова и пијанистот Владик Броневецки. 

Двајцата уметници кои настапуваат на најпрестижните концертни подиуми потсетија напознати дела од Јоханес Брамс, Петар Илич Чајковски и Камиј Сен-Санс.

И овојпат, како и на секој концерт на класична музика што се одржува во „Света Софија“ во рамки на „Охридско лето“, публиката ја исполни акустичната црква и уживаше во звуците на виолината и пијаното.

Солозобова донесе комбинација од виртуозна моќ, креативна спонтаност и елеганција, а нејзиниот колега, а Броневецки „префинета техника“ и „суптилна интерпретација“, со што се потврди дека и двајцата со право се вбројуваат меѓу највпечатливите уметнци во својата генерација.

solozobova4 solozobova1 solozobova_publika