Меѓународен ден на домородното население

Меѓународниот ден на староседелците, односно на домородното население (9-ти август) за прв пат е прогласен од страна на Генералното собрание на Обединетите нации во декември 1994 година, да се слави секоја година во текот на првата Меѓународна Декада на староседелците од светот (1995 – 2004), а во 2004 година, Собранието прогласи Втора меѓународна Декада, од 2005 до 2014, со тема „Една деценија за акција и достоинство“.

Темата на Меѓународниот ден за 2015 година е: „Обезбедување на здравје и благосостојба за домородните народи“.

Овогодишната тема во центарот на својата кампања го става пристапот на домородните народи до здравствените услуги, бидејќи подобрувањето на здравјето и благосостојбата на домородните народи сеуште останува клучен предизвик за земјите-членки на Обединетите нации.