Одбојкарите на Македонија ќе играат на завршницата од Европската лига

Одбојкарите на Македонија се пласираа во завршницата, односно во фајнл-форот од Европската лига. Може да се каже дека најзаслужна за тоа е Словенија, која и покрај тоа што имаше обезбедено учество во фајнл-форот, играше пожртвувано на двата натпревари против Грција.

На фајнл-форот ќе играат Македонија, Естонија, Словенија и домаќинот Полска.

WebOhrid