Колумна: Загарантирано пратеничко место за Египќаните или бојкот на изборите – Време е, доста беше!

Драги мои, ако го имаме во предвид ноторниот факт, дека во Р.Македонија има околу 30.000 Египќани, како докажано лојален, автохтон, автентичен етникум, како даночни обврзници во својата татковина Р.Македонија, ако се земаат во предвид и ноторните факти, како и една објективна стварност, дека над 7000 етнички Египќани од Р.Македонија се на привремен престој, живеат и работат во Западна Европа, Соединетите Американски држави, Австралија, кои на директен или индиректен начин, финансиски помагајки ги нивните блиски во родната татковина Р.Македонија, и на тој начин, придонесувајки кон развојот на Македонската економија, сосема е легитимно правото, Египќаните да бараат да им се загарантира пратенички мандат каде етнички Египќанец ќе ги застапува интересите на овој, мошне ранлив етникум и аналогно на тоа, подложен на асимилација и директна дискриминација.

Тој „фамозен” пратенички мандат, ако реално, непристрасно и совесно го анализираме и ретроактивно, учеството, личното и колективно вложување на Египќанецот од Р. Македонија, кон развојот на општеството во целина, ќе дојдеме до еден сосема болен, но реален заклучок дека Египќаните со крв, пот и жртви го платиле пратеничкиот мандат. Во нормални демократски услови, ваквите изборни методологии, едноставно не се предмет на расправа, бидејки се дирекни контури на едно слободно, хетерогено и демократско ориентирано општество, кое се раководи од „ПРИНЦИПОТ – ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ ЗА СИТЕ“ ….Но, тука, во Р.Македонија, мораме да бидеме упорни, со факти и непобивнио докази, дека и на Египќаните , Црногорците, Хрватите и Бугарите, им се неопходно потребни „загарантирани пратенички мандати“, како еден почетен дискурс на интегрирачка политика на помалите ранливи етникуми, без пардон и со консензус, без математики и многу калкулирања.

Според мене, КРАЈНО НЕЦЕЛИСХОДНО Е, ЕГИПЌАНИТЕ ДА ИЗЛЕЗАТ МАСОВНО НА ИЗБОРИ, ЗА ДА ГЛАСААТ, НЕКОЈ ДРУГ/НАДВОР ОД ЕТНИКУМОТ/, ДА ГИ ПРЕСТАВУВА ИНТЕРЕСИТЕ, И ДА ГИ БРАНИ ПРАВАТА НА ЕГИПЌАНИТЕ ВО Р.МАКЕДОНИЈА-ТОТАЛНА ДЕМАГОГИЈА, ВИ СЕ МОЛАМ за тоа, имаме мал милион показатели и примери, ево ЈАВНО ВЕ ЗАМОЛУВАМ набројте ми, еден пратеник, кој излегол на говорница, и „машки“ се борел за правата на Египканите…???!!! Лично, во последените 10 години, таков пратеник не познавам. Да бидеме на чисто, НИКОЈ ПОВЕКЕ, НЕМА ПРАВО И НЕ СМЕЕ, НА ГЛАСОВИТЕ НА ЕГИПЌАНИТЕ, ДА ГЛЕДА КАКО НА КВАНТАШКИ ПАЗАР И …ТОЧКА.

Според мене, во целата ова хаотичност или попрецизно „контролирана хаотична состојба“ позицијата на Египќаните почнала да се подобрува со доаѓањето на власт на најголемиот лобист за „египќанското прашање” градоначалникот на Охрид, д-р Никола Бакрачески. Но, и покрај неговите максимални залагања за просперитет и интеграција на Египќаните, потребен е поширок дијапазон на подршка, за конечно елиминирање на една историска неправда во однос на Египќаните. Др Никола Бакрачески, веке се надмина себе си, поставувајки го на пиедестал прашањето на Египќаните, покажа големина на човек, модерен репер на демократски политичар, кој неодамна го потврди, и Премиерот и Претседател на ВМРО ДПМНЕ, г дин Никола Груевски. Но, она што навистина боли и пече, е некорекниот, моронскиот, нечовечкиот однос на одредени индивидуал материјалисти и кариеристи, кои наместо „благодарам“ на мојот народ Египќаните, се уште ги гледаат од „птичја перспектива“ и замислете моронски ги навредуваат со „ГУПЦИ“ и слични погрдни зборови…ДНО…, иако се свесни, дека дел од нивните удобни фотелји имаат свое „исе“ и Египќаните, бидејки гласале за нив.Но, за ова, во некоја наредна прилика, има многу што да се каже…..!!!

Сè со цел во иднина да не бидат загрозени, маргинализирани, обесправени, неинтегрирани и конечно, да не бидат асимилирани, а во интерес на демократските вредности, за кои и се залага Р. Македонија, очекуваме подршка и од г-дин Никола Груевски, г-дин Зоран Заев, како и од г-дин Али Ахмети и г-дин Мендух Тачи, буквално од сите релевантни политички фактори да помогнат, безусловно, со интервенција во Изборниот законик да се обезбедат загарантирани пратенички мандати.

„Тоа е во интерес на демократска Македонија. Ваквото поставување не значи и не треба да се толкува како „играње на два или три стола”, туку напротив, тоа е само „спин” од оние кои не ѝ го посакуваат доброто на Р.Македонија, бидејки јасно е, Египќаните имаат потреба од поддршка од сите, како што и тие секогаш искрено ја давале”.

Египќаните се разочарани, депримирани, деморализирани, од фактот,што секогаш пред избори, им нуделе „брда и долини“ а потоа, се изживувале врз нив. Поради, таквите антидемократски, антиевропски, и нечовечки однесувања, голем процент од електоратот, се на мислење, АКО НЕ ИМ СЕ ДОДЕЛИ ЗАГАРАНТИРАНО ПРАТЕНИЧКО МЕСТО, ИСТИТЕ, ЌЕ ГИ БОЈКОТИРААТ , НАРЕДНИТЕ ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ, ВО АПРИЛ 2016 ГОДИНА.

Со почит

Демир Далип – НВО Коалиција на Египќаните

*Ставовите во категоријата Писма/Колумни се лични ставови на авторите, за кои редакцијата на WebOhrid не сноси никаква одговорност.