Литургија во храмот „Св.Петка“ сместен во дворот на манастирот „Св. Наум Охридски“

На 8-ми август, денот кога го прославивме споменот на преподобната маченичка Параскева Римјанка и светиот маченик Ермолај, во храмот „Св. Петка“, сместен во дворот на манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалкствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г.Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот Димче Ѓорѓиески, свештеникот Димче Азески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа.