Водени лудории по втор пат во Охрид

ЈП „Билјанини Извори“ во соработка со Општина Охрид како покровител на настанот на 19-ти, 20-ти и 21-ви август на градскиот базен „Атина Бојаџи“ како дел од проектот на Општина Охрид, Спортско лето, ќе ги организираат вторите по ред Водени Лудории.

Спортскиот настан Водени Лудории како традицијата на многу минати генерации, а со цел да постане традиција на сегашните и идни генерации, претставува одлична можност за сите спортски рекреативци без ограничување на возраста да бидат дел од спортската забава и дружење која ја подготвуваат организаторите на настанот.

ЈП „Билјанини Извори“ и Општина Охрид ги покануваат сите заинтересирани граѓани да се пријават за учество на „Водените лудории“. За првопласираните организаторот и покровителот обезбедија многу вредни парични награди, како и многу пригодни подароци.

Услови и информации за учество:

-Пријавување од денес 13-ти до 19-ти август 2015 година

-Котизација 4000 денари

-Екипата се состои од 10 учесници и тоа 3 жени и 7 мажи

-Екипата треба да достави: Име на екипата, контакт лице/капитен и телефонски број

-Пријавување во дирекцијата на ЈП „Билјанини Извори“ (Спортска Арена „Билјанини Извори“) или на 046/231-535;078/232-881; како и на e-mail: biljaniniizvori@gmail.com

-Котизацијата се уплаќа на следната жиро сметка 530-000200889310, Цел – за учество во Водени лудории, депонет Охридска Банка или на билетарата во Спортска сала Билјанини Извори.