Најзадолжени земји се САД и Јапонија

„Вижуал капиталист“ (Visual Capitalist), интернет-страница која објавува визуализација на економските податоци, објави график на светскиот јавен долг, кој ги покажува најзадолжените земји во светот, преку процентот во вкупниот долг. Најзадолжени се САД и Јапонија.

Според податоците преземени од Меѓународниот монетарен фонд, вкупниот глобален јавен долг изнесува околу 60 билиони долари. Станува збор само за јавниот долг, при што не се вклучени долговите на граѓаните и на приватните компании.

САД кои се 23,3 проценти од светската економија има удел во вкупниот јавен долг од 29,5 отсто. Нивната задолженост изнесува 103,4 проценти од БДП.

Јапонија во светската економија учествува со 6,18 отсто, a има 19,99 отсто од вкупниот светски јавен долг.

Кина втора најголема светска економија, која во глобална економија учествува со 13,9 процетни има 6,25 отсто од вкупниот јавен долг. Кинескиот јавен долг е 39,4 процетни од БДП.

Европските земји, без Русија имаат 26 отсто од глобалниот јавен долг.

Од регионот најзадолжена е Хрватска со долг од околу 43 милијарди долари, потоа следи Словенија со долг од околу 20 милијарди долари, Босна и Херцеговина – 9,5 милијарди, Србија – 27,6 милијарди и Македонија – 2,7 милијарди долари.