Во понеделник минирање на патот Охрид – Кичево

На патниот правец А2 Охрид – Кичево (планински премин Пресека – с.Врбјани), поради изведување градежни работи на пат (минирање), во понеделник (17-ти август), сообраќајот ќе биде во прекин од 14.00 до 16.00 часот, информираат од АМСМ.