Авиодезинсекција за уништување на комарци на подрачјето на општина Дебрца

Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Дебрца дека четврток, во координација со Министерството за здравство на РМ ќе се спроведе авионска адултна дезинсекција против комарци. Авионската адултна дезинсекција ќе се изврши во утринските часови во период од 5 до 8 часот.

Дезинсекцијата ќе се спроведе во атарите на селата Мешеишта, Волино и Требеништа по течението на реката Сатеска, како и во зона на селата Белчишта и Велмеј по течението на Голема река.

Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на пчелите.

Препаратот со кој ќе се изврши запрашувањето не е штетен за луѓето и животните односно водата и почвата. Во случај на појава на неповолни услови (ветар,дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден. За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Центар за јавно здравје Охрид 231-881 и 230-231.