Груевски го посети реконструираниот Мелнички мост

Премиерот Никола Груевски и министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски денеска го посетија и Мелничкиот мост во чија реконструкција се инвестирани 1,2 милиони евра.

Во реконструкцијата на мостот е ставена нова одбојна ограда, нов асфалт, вградени се 92 тона железо и направена е смена на системите за струја и водовод. Реконструкцијата на мостот е завршена кон крајот на минатата година и е уште една од дадените ветувања на Владата.

Мостот е главна инфраструктурна врска на Дебар со реканскиот крај и тој досега не бил реконструиран 40 години.