Претседателот Иванов ги посети „Златните славејчиња“ во Охрид

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во детското одморалиште „Славејче” во Охрид, ги посети учесниците на детскиот музички фестивал „Златно славејче”.

„Македонија е горда што го има „Златно славејче”. Вашата мисија е поттик за сегашните генерации, но и генерациите кои следат – да продолжат да ги негуваат вистинските вредности“, им порача претседателот Иванов на златните славејчиња.

Тие низ песна се заблагодарија за континуираната поддршка од македонскиот претседател. Ветија дека неуморно и посветено ќе работат за да постигнат уште поголеми успеси и да ни донесат уште поголеми радости во иднина.

Во 2010 година, по повод 40 годишнината од основањето, фестивалот „Златно славејче” беше одликуван од претседателот Иванов со признание „Повелба на Република Македонија”.

SLAVEJCE