Работнички 1:1 Рубин Казан

Работнички и Рубин Казан одиграа нерешено 1:1 на Спортската арена „Филип Втори“ во Скопје, на првиот натпревар од финалната фаза од квалификациите за Лигата на Европа.

Првото полувреме од натпреварот започна како што се очекуваше, со претпазлива, цврста игра од страна на двата тимови и резултат 0:0 по првите 45 минути.

Во второто полувреме натпреварот продолжи со исто темпо. Работнички се соочи со проблеми во 54 минута кога Петровиќ доби црвен картон (втор жолт) и во 68 минута кога Карадениз го отвори резултатот 0:1 за Рубин Казан. Кога сите мислеа дека Рубин Казан ќе го добие овој натпревар, Кире Ристевски постигна гол и го изедначи резултатот на 1:1 во 85 минута.

Повратниот дуел се игра за седум дена (на 27 август) во Казан со почеток во 18:00 часот.

WebOhrid