Во текот на вчерашниот ден издадени 1327 потврди за барање азил

Во периодот од 08,00 часот на 19.08.2015 до 20.08.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 1.327 странски државјани, од кои, 1.020 се од машки пол, 129 се од женски, 138 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 40 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.004, Бангладеж–115, Пакистан-79 додека другите се во помал бро

Во периодот од 19.06.2015 до 20.08.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 41.414 странски државјани, од кои, 28.527 се од машки пол, 5.735 се од женски, 6.546 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 606 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-33.461, потоа Авганистан-2.073, Ирак-1.947, Пакистан-1.198, Сомалија-561, Палестина-560, Конго-301, Бангладеж-230, Нигерија-142, Камерун-140 Еритреја-140, Етиопија-109, додека останатите се во помал број.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 20.08.2015 година до Одделението за азил се поднесени 47 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 34 барања се од државјани на Сирија, од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 19.08.2015 година се евидентирани вкупно 12 баратели на азил, од кои 8 баратели на азил се мажи , 1 барател на азил е жена, 3 баратели на азил се малолетни лица.

На 19.08.2015, до 17.00 часот, мобилните екипи на Црвен крст укажаа прва помош на околу 198 лицa, меѓу кои 43 трудници. 81 интервенции на железничката станица во Гевгелија и 117 интервенции на Табановце.Транспортирани се 3 лица до Гевгелиската Општа болница.

До 17.00 часот, дистрибуирано е:
• 468 шишиња вода
• 68 пакети со храна
• 15 хигиенски пакети за жени
• 46 хигиенски пакети за мажи
• 40 пакети за прва помош
• 140 пелени
• 11 кебиња
• 23 беби пакети.