Спречен обид за шверц на златен и сребрен накит

Царинските службеници вчера попладне спречија обид за шверц на 400 грама златен и сребрен накит во Македонија преку граничниот премин Богородица.

На 20.08.2015 година, околу 14:30 часот за влез во Република Македонија со патничко моторно возило со грчки регистарски ознаки, на граничниот премин Богородица се пријави грчки државјанин.

Прашан дали има нешто да пријави за царинска контрола, лицето одговори негативно, но поради сомневање во неговата изјава, пристапено е кон детален преглед. Притоа, на задното седиште во женска торба се пронајдени кутиии за накит со 212 грама стар златен накит (26 парчиња: британски монети, привезоци, прстени, ланчиња, нараквици, обетки) и 191 грам сребрен накит (33 парчиња: прстени, обетки, привезоци, нараквици, брошеви).

Вредноста на накитот се проценува на над 260 илјади денари, а износот на избегнатите давачки на 91 илјади денари.

Накитот и возилото се привремено задржани, а против лицето е поведена соодветна постапка.

This slideshow requires JavaScript.