Во текот на вчерашниот ден издадени се 776 потврди за барање азил

Во периодот од 08,00 часот на 24.08.2015 до 25.08.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 776 странски државјани, од кои, 579 се од машки пол, 92 се од женски, 82 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 23 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-608, Пакистан – 80, Ирак–52, додека другите се во помал број.

Во периодот од 19.06.2015 до 25.08.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 45.538 странски државјани, од кои, 31.463 се од машки пол, 6.259 се од женски, 7.102 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 714деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-37.008, потоа Авганистан-2.134, Ирак-2.121, Пакистан-1.389, Сомалија-564, Палестина-561, Бангладеж-323, Конго-305, Нигерија-162, Камерун-146 Еритреја-142, Етиопија-109, додека останатите се во помал број.

Во периодот од 08,00 часот на 24.08.2015 до 25.08.2015 година во 08,00 часот до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил .
Од започнувањето на издавањето на потврдите до 25.08.2015 година до Одделението за азил се поднесени 49 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 36 барања се од државјани на Сирија, од нив 10за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 24.08.2015 година евидентирани се вкупно 14 баратели на азил, од кои 9 баратели на азил се мажи (од кои 1 барател на азил е повреден), 2 барателки на азил се жени ( од кои 1 барателка на азил е хоспитализирана поради браменост), 3 баратели на азил се малолетни лица и 1 барател на азил е малолетен без придружба со повреда.

На 24.08.2015, до 17.00 часот, мобилните екипи на Црвен крст укажаа прва помош на 162 лицa ,од кои 77 на Табановце и 85 на Гевгелија меѓу кои 13 трудници.

До 17.00 часот, дистрибуирано е хуманитарна помош во :
• 930 шишиња вода
• 320 пакети со храна
• 61 индивидуални хигиенски пакети
• 9 кебиња
• 27 пакети за бебиња.