Царинската управа во контрола на продажба на акцизна стока

Вчера, повеќе тимови од царински службеници извршија контрола на продажбата на ацизна стока на повеќе зелени пазари, како и во малопродажни и угостителски објекти на територијата на Битола, Кичево и Прилеп. Неправилности се откриени во 12 случаи при што привремено се задржани вкупно 251 литар алкохолни пијалоци, од кои 243 литри домашна ракија и 8,3 литри други алкохолни пијалоци.

Поконкретно, на зелените пазари во Битола, Кичево и Прилеп се откриени 7 случаи на нелегална продажба на алкохол, при што привремено се одземени 219,5 литри домашна ракија и 5,5 литри коњак. Контрола беше извршена и во 22 угостителски објекти, а во 5 од нив е откриена нелегална продажба на алкохол и притоа се запленети 23,3 литри ракија и 2,8 литри други алкохолни пијалоци – узо, ликер и џин.

Сите привремено задржани алкохолни пијалоци воопшто не биле означени со контролни марки, ниту поседувале било каков сертификат за квалитет, а се нуделе на продажба.

Против прекршителите Царинската управа презема соодветни мерки.

Царинската управа уште еднаш апелира на внимателност на граѓаните затоа што конзумирањето неиспитани, потенцијално неисправни алкохолни пијалоци неозначени со контролни марки претставува сериозен ризик по здравјето и животот на луѓето.

Царинската управа ќе продолжи со вакви контроли за да ги обезбеди основните принципи за фер конкурентност, правилна наплата на буџетски приходи, но пред сé да се заштити здравјето на луѓето.

Како резултат на сите мерки поврзани со акцизите, што ги презема Царинската управа во континуитет, но и зајакнатите контроли на употребата на акцизните маркички, во периодот јануари-август 2015 наплатени се приближно 18% повеќе акциза за алкохол, тутун и тутунски производи отколку во истиот период во 2014 година.

Kontrola na banderoli 03 m