Просечната исплатена нето – плата во јуни изнесува 22.025 денари

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2015 година, во однос на јуни 2014 година, изнесува 103.7.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (23.6%), Други услужни дејности (11.5%) и Рударство и вадење на камен (8.6%).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Стручни, научни и технички дејности (7.0%), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (7.0%) и Дејности во врска со недвижен имот (5.0%).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јуни 2015 изнесува 22 025 денари.

Во јуни 2015 година, 1.9% од вработените во Република Македонија не примиле плата.