Извиднички одред „Пионер“ од Охрид учествуваше на „Републички средби на Извидници – Струга 2015“

Извидничкиот Одред „Пионер“ од Охрид со две екипи на помлади извидници и една екипа од извидници учествуваше на овогодинешните „Републички средби на Извидници – Струга 2015“, кој се одржаа од 28-ми август до денес(30-ти август).

„Средбите беа одлично организирани од одредот домаќин Извидничко-поречанскиот одред „Крсте Јон” од Струга, со гости од повеќе градови од РМ, при што учесниците имаа можност да ги покажат своите стекнати и научени животни вештини, комуникација преку семафорска сигнализација и морзеова азбука, урбана ориентација,полигони на спретност, тестови по општа култура и познавање на својата Татковина,културно забавни натпревари и незаборавно дружење покрај логорскиот оган.“– вели Зоран Костоски, Старешина на И.О.Пионер.

Костоски додава дека екипите од ИО „Пионер“ претставувајќи го нашиот град Охрид ги освоија првото и петтото место во категоријата на помлади извидници и првото место во категорија извидници, како и овогодинешниот трон на натпреварот добивајќи го преодниот пехар.

„Со ова уште еднаш нашиот одред го потврди вложениот труд во воспитување и едукација на деца и младинци кои што сакаат да потрошат дел од своето слободно време во активности корисни за нивниот психофизички и општествен развој градејќи трајни пријателства и другарства.“– додава Костоски.