Интензивно се работи на санирање на ударните дупки на охридските улици

Во рамки на годишната програма за работа на Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици во тек е акцијата за крпење на ударни дупки и санација на прекопи и навлаки низ улиците на целата територија на општина Охрид.

Оваа градежна активност се одвива според однапред утврден план и динамика за делување на терен и се работи во неколку етапи. Бехатон плочките од ударните дупки се заменуваат со асфалтен материјал. Санацијата на ударните дупки започна во централното градско подрачје , за на крај да се вршат санации на прекопи и навлаки низ периферијата на градот и селските подрачја.

Санацијата на ударните дупки се вршеше по целата територија на општината и тоа на улицата „ Ванчо Питошески“,краци на улиците „ Ристо Чадо“ , „ 7-ми Ноември“ , „ Прва македонска ударна бригада“, „Кленоец“, „ Српница“, „ Веле Марко“, „ 15- ти Копрпус“, „ Лазо Трпоски“, „ Никола Карев“, „ Галичица“, „ Мирче Ацев“, „8- ми Септември“, „ Карпош Војвода“, „ Стив Наумов“, „ Дејан Војвода“, „ Крали Марко“, „ Абаз Емин“, влезот на Општата болница, делот од околу 400 м2 кај новиот плоштад кај мини- маркет,прекопи кон месноста „ Горица“ и кон село Трпејца.

Акцијата за крпење на ударните дупки се реализираше во рамките на годишната програма за работа на Секоторот за комунални дејности и по барањата на претставниците на урбаните и месните заедници кои претходно беа посетени од страна на стручните служби на Локалната самоуправа.