Ќе се уредуваат локациите во градот што се користат од наркозависници

Денес во општина Охрид ќе биде одржан работен состанок поврзан со уредување на локации во градот што се користат од наркозависници.

На состанокот предвидено е присуство на заменик градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев, претставници од комуналните сектори, претставници од МРТВ, членови на заедниците на станари, НВО и претставници на СВР Охрид.