Оштетено уште едно возило во Грција

Граничната полиција евидентираше уште еден случај на оштетување возило на македонски државјани кои летувале во Р.Грција.

Имено, на 12.09.2015 г. на ГП „Богородица“, од страна на лицето К.М. од Штип пријавено е дека на 06.09.2015 г. во туристичкото место Калитеа, му бил oштетен задниот браник така што каде што имал МК налепница истата е одлепена и на 5-6 места со остар предмет му е пробушено возилото – марка „Пежо 206“ со штипски регистарски ознаки. Случајот не бил пријавен во грчката полиција.

Ова е единаесетти случај во оваа туристичка сезона каде што се оштетуваат возила на македонски државјани кои летуваат во Грција, а регистрирани се и три случаи на кражба на регистарски таблички.