Се уредуваат муслиманските гробишта

Покрај секојдневното и тековно одржување на чистотата и уредноста во градските гробишта, екипите на ЈП „Градски гробишта“ , денеска со поголем интензитет и забрзано темпо започнаа со чистење и средување на муслиманскиот дел од гробиштата. Се работи на косење, метење и отстранување на отпадот, а започна и со пробивање, тампонирање и нанесување на слој од гребен асвалт на улицата која што се наоѓа на источната страна од муслиманскиот дел на гробиштата.. Со овој зафат ќе се овозможи полесено движење и поголема пристапност кон овој дел на гробиштата.

По завршувањето на источната,екипите ќе продолжат со рамнење, тампонирање и нанесување на гребен асвалт и на улицата на северозападната страна од муслиманските гробишта, со што од двете страни ќе се добие широка и проодна патека за непречено движење на граѓаните. Покрај нанесувањето на тампон и гребен асвалт и на двете страни од улиците ќе бидат поставени и коловозни ивичници. Овој зафат, се очекува да заврши до крајот на следната недела.

Sreduvanjemgrobista_1420154851 Sreduvanjemgrobista_1420154853 Sreduvanjemgrobista_1420154852