Исплатена оштетата на поплавените семејства во Струмичко

Владата на Република Македонија денеска на 394 лица од струмичкиот регион им исплати 29,9 милиони денари оштета од поплавите.

Исплатата на штетите од поплавите следува по даденото ветување од страна на Владата.

Министерството за финансии денеска соопшти дека исплатени се и 527 илјади денари на граѓаните во Градско и 489 илјади денари на граѓаните од Чешиново-Облешево.

Досега се исплатени вкупно 144,24 милиони денари на 2.218 оштетени од поплавите кои се случија годинава. Отштета е исплатена и на граѓаните од Могила, Новаци, Демир Хисар, Битола, Босилово, Кривогаштани, Велес, Пробиштип и Штип.

„Владата ќе продолжи со исплатата на отштетата од поплавите“, се наведува во соопштението од Министерството за финансии.