ЈЗУ Здравствен Дом Охрид започна со примената на петтовалентните вакцини

ЈЗУ Здравствен Дом Охрид започна со примена на петтовалентните вакцини, согласно календарот за имунизација. Шестовалентните вакцини веќе се применуваат од 1.08.2015. Со употреба на петтовалентни и шестовалентни вакцини, бројот на инјектирања во првата година се намалува од 13 на 7, а исто така се намалени и несаканите дејства. Имунизацијата не е проследена со покачена температура, а во ретки случаи може да се појави краткотрајно црвенило и болка.