Меѓународен ден за заштита на озонската обвивка

Во 1994 година, Генералното собрание на ОН го прогласи 16-ти септември за Меѓународен ден за заштита на озонската обвивка, по повод денот на потпишувањето на Монтреалскиот протокол во 1987 година, за супстанциите што ја осиромашуваат озонската обвивка (резолуција 49/114).

Државите се повикани да се посветат на денот за промовирање на активности во согласност со целите на Протоколот и неговите амандмани. Озонската обвивка, кревок штит од гас, ја штити Земјата од штетниот дел на зраците од Сонцето, со што помага за зачувување на животот на планетата.

Оваа година се одбележува 30-годишнината од Виенската конвенција за заштита на озонската обвивка, важен јубилеј во заштитата на озонската обвивка. Темата за одбележувањето на јубилејот и овогодинешниот Меѓународен ден за заштита на озонската обвивка е, „30 години заедничко исцелување на озонската обвивка“.