Фондацијата „Атлас“ принесе 14 глави – жртва за Курбан Бајрам

Со утринска молитва денес муслиманските верници го започнаа четиридневното чествување на еден од најголемите верски празници Курбан Бајрам. Ритуалното принесување на курбанот – жртвата, симболично го претставува приближувањето кон Бога.

Фондацијата „Атлас“ оваа година принесе 14 глави – жртва за празникот, а месото беше раздадено на околу 700 семејства од социјално ранливи категории. На настанот присуствуваше секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески,во придружба на советниците Иљат Ибраим, Климе Шешоски, Кујтим Усејни и Ангел Јанев. Спасески ја искористи приликата уште еднаш, на нашите сограѓани од муслиманска вероисповед да им го чесита празникот:

„Во мое име и во името на општина Охрид, посакувам празникот да го поминете во спокој и духовен мир, среќно во кругот на вашите семејства и пријателите. Охрид е град на традициите и толеранцијата, а јас сум уверен дека сите заедно ќе продолжиме добрите односи и релации меѓу граѓаните од различна вероисповед и во иднина да ги градиме и унапредуваме за заедничкио добро на сите граѓани“ – истакна Спасески.

Општина Охрид и оваа година донираше дел од прехранбените продукти за празникот, а помогна и околу логистичката поддршка за изведување на курбанот.

kurban_bajram2015_4001