КУД „Дримкол“ – Вевчани учествуваше на Меѓународен фестивал во Грција „Музика и море“

КУД „Дримкол“ од Вевчани преку својот детски и младински фолклорен ансамбал овие денови ја презентира Македонската култура и традиција на Меѓународниот фестивалот за музика и танци „Музика и море“ кој се одржува во туристичкото крајбрежно место Паралија.

Покрај настапите во официјалната програма на фестивалот кој се одвива во анфитеатарот во Паралија, младите членови на Дримкол ја воодушевија публиката и во туристичките места: Катерини, Олимпик Бич. Организаторот задоволен од Вевчанци, синоќа им довери 15 минутна програма на свеченоста по повод доделувањето на Гранд При наградата на фестивалот.

Во рамките на овој фестивал се организира и Балканска фолклорна вечер во Атина на која Македонската култура и традиција ќе ја представува првиот фолклорен ансамбал на „Дримкол“. КУД „Дримкол“ од Вевчани со оваа турнеја заокружува уште едно успешно работно лето во кое реализира: 50 Македонски фолклорни вечери за гостите од Холандија кои престојуваа во Струга и Охрид, 5 гостувања низ државата во рамките на Летниот културен бран преку Министерството за култура на Р.М, учество на Балканскиот фестивал во Охрид и фолклорните фестивали во Битола и Велес, реализација на Фестивалот за народна култура „Пображење“ – Вечани.

За есенскиот период од „Дримкол“ најавуваат подготовка и реализација на самостоен концерт во Македонскиот народен театар во Скопје кој ќе го реализираат во ноември и подготовка за традиционалниот новогодишен концерт во Вевчани.

12045550_990597414296842_343397692482411187_o 11952864_991114157578501_8081534318155163132_o 11999691_990597114296872_6337504860658269495_o