Утре ќе се подигнува кабаст отпад од УЗ 12 „Гоце Делчев“ (нас.„Бараки“)

ЈП „Охридски Комуналец” ги известува граѓаните на Општина Охрид дека утре (сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во УЗ. 12 „Гоце Делчев“ (нас.„Бараки“).

Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е. „Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од ЈП „Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.