Вкупната потрошувачка по видови енергенти во јули изнесувала 602 078 МWh електрична енергија

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јули 2015 година, во Република Македонија, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 602 078 МWh електрична енергија, 2.336 мил. nm3 природен гас, 430 246 тони јаглен и 87 434 тони нафтени продукти.

Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 64.03% во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 95.1% од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија.