На подрачјето на Скопје во изминатите три дена евидентирани 473 сообраќајни прекршоци

СВР-Скопје поднесе кривична пријава против Е.Т.(20) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело – “тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ предвидено и казниво по чл.300 од КЗ на Р.М., а од страна на судија на предходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.

Имено на 25.09.2015 година околу 14,00 часот во Скопје на крстосницата од бул. „Партизански Одреди“ и ул. „Френклин Рузвелт“ случена е сообраќајна незгодапомеѓу патничко возило „Ауди А4“ со скопски регистерски ознаки управувано од пријавениот, велосипед „спринт“ управуван од Нинослав С. (65) од Скопје и автобус. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот кој со возило на брза помош бил пренесен во Ургентниот центар- Скопје, каде што околу во 18,30 часот им подлегнал на повредите.

Во периодот од 25.09. до 28.09.2015 година до 07,00 часот од страна на СВР-Скопје спроведени се зајакнати контроли во делот на патниот сообраќај при што превземени се вкупно 473 мерки и притоа издадени се вкупно 214 платни налози за наплата на глоба и 259 покани за наплата на глоба.

Притоа евидентирано е дека 145 возачи ја пречекориле брзината на движење и тоа за 111 евидентирано е пречекорување на брзина во населено место дo 30 км/ч а за 35 пречекорување на брзина во населено место над 30 км/ч така што по однос на овие прекршоци издадеи се 111 платни налози за наплата на глоба и 35 покани за наплата на глоба. Исто така алкотестирани се 560 возачи и кај 61 лице утврдено е присуство на алкохол, додека двајца возачи одбиле да се алкотестираат. По однос на овој прекршок 63 возачи се исклучени од сообраќај, времено се одземени 51 возачка дозвола и издадени се 63 платни налози за наплата на глоба.

Покрај ова евидентирани се 67 неправилно паркирани возила за кои се издадени 64 покани за наплата на глоба како и три платни налози за наплата на глоба. Кај 24 лица за кои се издадени исто толку платни налози утврдено е дека управувале без положен возачки испит; 44 возила се затекнати без валидна регистрација (за што се издадени исто толку платни налози) а 24 возачи минале на црвено светло и за нив се издадени 24 платни налози. Со специјално пајак возило отстаранети се вкупно 95 непрописно паркирани возила на тротоар, пешачка зона, обележан пешачки премин и велосипедска патека. Наедно евидентирани се и четири прекршоци што ги чинат пешаците (неправилно минување коловоз) за што се издадени четири покани за наплата на глоба.