Почина пејачката Уснија Реџепова

Пејачката Уснија Реџепова почина утрово во Белград во 69-та година од животот, јавија српските медиуми.

Реџепова, со години се бореше против ракот на белите дробови. Последните неколку месеци нејзината здравствена состојба беше критична. Реџепова ќе биде погребана за неколку дена во Скопје.

Уснија Реџепова родум е од Македонија, а се прослави со врањански песни.