Состанок во рамки на проектот за заштита на културното и природното наследство на Охридскиот регион

Утре во Охрид ќе се одржи работен состанок во рамките на Проектот за интегрална заштита на културното и природното наследство на Охридскиот регион поддржан од ЕУ и УНЕСКО.

Главни цели на состанокот ќе бидат идентификација на постојните структури и процеси во Прекуграничната соработка и воспоставување на прекугранична платформа за управување со наследството во регионот околу Охридското езеро.

На средбата ќе присуствуваат преставници од надлежните министерства од Македонија и Албанија, локалните самоуправи во регионот, како и преставници на UNESCO, ICOMOS, IUCN.