На подрачјето на Скопје издадени 566 платни налози за наплата на глоба и 1.375 покани за наплата на глоба

Изминатата недела како и за време на викендот од страна на СВР-Скопје беа спроведени зајакнати контроли во делот на патниот сообраќај при што превземени беа вкупно 1.941 мерка и притоа издадени се вкупно 566 платни налози за наплата на глоба и 1.375 покани за наплата на глоба. Кај 416 возачи е утврдено дека пречекориле брзината на движење од кои 339 пречекорувања на брзината во населено место дo 30 км/ч, додека пак кај 77 возачи е утврдено пречекорување на брзина во населено место над 30 км/ч. Исто така кај 137 возачи е утврдено присуство на алкохол, кај 15 возила е утврдено техничка неисправност, констатирани се и 97 нерегистрирани возила. Покрај тоа 85 возачи управувале возило без возачка дозвола, кај 32 лица е утврден сообраќаен прекршок за поминување на црвено светло, изречени се 28 прекршоци за недавање првенство на пешаци, 40 прекршоци за некористење на сигурносен појас, 50 прекршоци за користење на мобилен телефон.

Освен тоа од страна на СВР-Скопје биле констатирани и 305 прекршоци што ги чинат пешаците, 545 мерки кон непрописно паркирани возила од кои 21 за непрописно паркирање во зона на крстосница, обележан пешачки премин и автобуско стојалиште и 524 за непрописно паркирање на тротоар, коловоз, велосипедска патека.

Со специјално пајак возило отстранети се вкупно 522 непрописно паркирани возила на тротоар, пешачка зона, обележан пешачки премин и велосипедска патека кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот. СВР-Скопје и понатаму ќе продолжи со спроведување на зајакнати контроли со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.