Светски ден на учителот

Наставниците се инвестиција за иднината на државите. Тоа со што денешните деца ќе се соочат во животот кога ќе пораснат не може да се предвиди, а со тоа и наставниците денес и во иднина, имаат потреба од вештини, знаење и поддршка со кои ќе овозможат да се задоволат различните потреби за учење на секое дете.

Овој ден го прославува усвојувањето на Препораката на УНЕСКО во врска со статусот на наставниците во 1966 година. Оваа препорака морално ги обврзува сите земји.

Според Заводот за статистика на УНЕСКО, во многу земји, квалитетот на образованието е лош поради дефицитот од наставници. 1,4 милиони наставници недостасуваат во училниците ширум светот – кои се потребни за да се постигне универзалното основно образование.

Освен наставниците како број, недостасува и квалитет: многу често, наставниците работаат без ресурси или соодветна обука. Влоговите се високи, затоа што се соочуваме со глобална криза во образованието, со 250 милиони деца кои не стекнуваат основни вештини за читање и пишување.

Меѓународната заедница и владите треба да се обединети за поддршка на наставниците и квалитетот на учењето низ целиот свет, особено во оние земји каде што постои најголем број на деца кои не посетуваат настава.

WebOhrid