Работна посета на претседателот Иванов на Р. Бугарија

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, од 7-ми до 9-ти октомври, ќе престојува во работна посета на Република Бугарија, каде ќе учествува на 6. Состанок на високо ниво во организација на Меѓународниот центар „Низами Ганџави”, што се одржува во Софија.

Во рамки на конференцијата, претседателот Иванов ќе се обрати на воведната сесија насловена „Што значи солидарноста во контекст на актуелните глобални предизвици”.

Во организација на Атлантскиот клуб на Бугарија, претседателот Иванов ќе одржи предавање на тема „Македонија во НАТО: очекувањата од НАТО Самитот во Варшава”.

За време на работната посета на Република Бугарија, предвидено е претседателот Иванов да оствaри средбa со претседателот на Република Бугарија, г. Росен Плевнелиев.

Mакедонскиот претседател ќе го посети и Културно – информативниот центар на Република Македонија во Софија.