Победа на ракометарите на Охрид 2013 во гости против Радовиш

Ракометарите на Охрид 2013 ја забележаа втората победа оваа сезона во ВИП машката ракометна Суперлига, овој пат во гости против Радовиш со резултат 19-29.

Ракометарите на Охрид 2013 прикажаа одлична игра и го надиграа домаќинот Радовиш. Првото полувреме Охрид 2013 го доби со резултат 9-16, а доминацијата на Охрид 2013 траеше и во текот на второто полувреме за висока победа и конечен резултат 19-29.

Следниот натпревар Охрид 2013 ќе го игра на домашен терен против Пелистер на 11 октомври (недела) од 19:00 часот.

WebOhrid