Застој на сообраќајот пред ЕВН поради скршен ретровизор

Камион оштети ретровизор од паркирано комбе, денес околу 15:30 часот на улицата „Дејан Војвода“ во Охрид пред влезот на ЕВН. 

Возачите на возилата не можеа меѓусебно да се спогодат, па решија да почекаат полицијата да направи официјален записник. За тоа време возилата кои доаѓаа од улицата „Абаз Емин“ беа спречени да поминат и мораа да се враќаат назад по оваа еднонасочна улица.

WebOhrid